Продуцентот и аранжер Дејан Абадиќ на Инстаграм се прости од својот пријател и близок соработник, српскиот музичар Ѓорѓе Петровиќ, кој ненадејно почина.
Дејан сподели нивна заедничка фотографија со која напиша:
– Не напушти Ѓоле, мојот најблизок соработник и пријател, добар човек, легенда. Ти благодарам за се мој Ѓоле – напиша Дејан.
Се огласија и Никола Роквиќ и Жељко Самарџиќ
Никола и Жељко ја коментираа фотографијата и се простија од Ѓоле.
– Нека му е вечна славата, добар наш Ѓоле – напиша Жељко.
– О, Боже. Ѓоле, драг наш, патувај во Царството Небесно – напиша Никола Роквиќ.
Инаку, Дејан и Ѓорѓе со години соработуваа со најголемите имиња на српската музичка сцена, а заедно продуцираа песни од Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ и многу други…
Ѓорѓе како тонски инженер во студиото на Дејан беше клучен дел од бројните музички проекти и секогаш оставаше свој белег.