Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за
сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „мачење животни“.
„На 3 мај 2024 година, пред домот на Б.У.(23), пријавената со нож го нападнала неговиот брат, по што во шталата на таткото на Б.У.
исто така со нож повредила домашни животни и оштетила 2 прозорца“, соопшти од МВР.