Затрупани автомобили, снег до половината: Неверојатно сцени во делови од Европа (ВИДЕО)

Снегот дојде рано годинава и од вчера паѓа на Алпите достигнувајќи висина од речиси еден метар.

Иако се очекуваше дека летото ќе трае малку подолго во септември и дека полека ќе преминеме во есен, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа.

Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а утрово имаше информации и за снег на Пелистер.

Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата.

Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри.

На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде