Едно лице се удави, а 1.600 луѓе беа евакуирани во областа на градот Клок во југозападна Полска,
бидејќи локалните реки достигнаа рекордно ниво и се излеаа во неколку општини по неколкудневните врнежи.
Ситуацијата е многу драматична. Најдраматична е во областа Клок“, изјави премиерот Доналд Туск за новинарите по состанокот со кризниот штаб во градот Клок, пренесува Ројтерс.
Околу 17.000 домаќинства во тој округ останаа без струја и телефонско покривање, а пристапот до некои населени места е практично прекинат, рече Тус.
Recent video of Międzygórze dam…pic.twitter.com/yXrpk5y6RB https://t.co/NmAYTaP8PD
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 14, 2024