Страотна несреќа: „Пасат“ излета од патот, две лица итно пренесени во болница

Во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа,

патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од струшкото село Октиси, излетало од патот.

Во несреќата, возачот и сопатникот Б.М.(63) од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде