Тажна вест: Во страотна несреќа загина познатиот мотоциклист

Италијанскиот мотоциклист Лука Салвадори, го загуби животот во несреќа за време на трката на Меѓународниот друмски шампионат во Германија.

Салвадори починал по инцидент на патеката Фробург на 33-годишна возраст.

Од тимот на Бронкос, за кој настапуваше Салвадори, соопштија дека несреќата се случила во саботата, а Италијанецот им подлегнал на големиот број тешки повреди.

„Со бескрајна тага ја објавуваме загубата на нашиот Лук Салвадори. По несреќата на патеката Фрохбург, поради повеќекратните повреди со кои се здоби, не можеше да се бори и не’ напушти. Нашето најдлабоко сочувство го изразуваме до членовите на неговото семејство“, пишува во соопштението од тимот на Лука Салвадори.

Салвадори почна со улични трки по престојот во МотоЕ шампионатот. Тој беше натпреварувач и во италијанскиот супербајк шампионат, а остана познат и на социјалните мрежи, бидејќи на „Инстаграм“ имаше 415.000 следбеници, додека на својот канал на Јутјуб има 583.000 претплатници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде