Рано утрово во близина на Нова Градишка се случија две тешки сообраќајни несреќи, а едно лице загина
Во 02:20 часот во полиција било пријавено дека на автопатот А3 помеѓу клучката Н.Градишка и Окучани се случила сообраќајна незгода во која едно лице загинало.
На терен излегоа полицијата, брзата помош и други итни служби. Утврдено е дека во сообраќајката учествувале три возила управувани од странски државјани. Еден човек почина.
На излезот од автопатот се случила уште една сообраќајка во која излетало комбе. – Прегледани се 13 лица, од кои 9 се мигранти, двајца се со тешки телесни повреди, двајца се хоспитализирани, ничиј живот не е во опасност – рекоа од болницата.
Неофицијално возачот на комбето кое ги превезувало мигрантите е во бегство.