Доаѓа невреме – Синоптичарите утрово со најнова временска прогноза

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура се движи во интервал од шест до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени.  

 За Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Температурата во главниот град ќе се движи од 14 до 19 Целзиусови степени.

И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени со повремена појава на грмежи. До петок се очекува врнежите наместа да бидат пообилни и повремено поројни.

За време на викендот се очекува стабилизирање на временските услови, а температурата ќе биде во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде