Огромна тага, колегите се збогуваат со трогателни пораки – почина познатиот музичар

Фановите се збогуваат со емотивни пораки

Легендарниот тапанар на познатата рок група „Simple Minds“, Кени Хилсоп, почина на 73-годишна возраст.

Причината за смртта се уште не е позната, а музичарот подолго време бил тешко болен.

На социјалните мрежи се појавија бројни тажни пораки, а фановите се збогуваат со музичарот.

Кени Хилсоп Фото: мрежи

– Тажно. Разговарав со Кени често преку мрежата x во последните неколку години. Го запознав пред 40 години, тој беше „пеколен“ тапанар – напишал еден од големите обожаватели на тапанарот на „Simple Minds“.

– Му испратив порака пред еден месец, ми кажа дека лекувањето оди добро. Не е фер – напишал друг фан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде