Страотна несреќа, млад маж со тешки повреди итно пренесен во болница

Денеска во 04.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на улицата „Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 38-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип,

управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип, соопшти МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде