Tрагедија го потресе светот: 14-годишен тинејџер со секира го убил својот брат

14-годишен тинејџер со секира го убил својот брат во Австрија. Трагичниот настан се случил во Мирцхофен, во австриската провинција Штаерска.

Момчето признало дека го убил својот 36-годишен брат, објавија австриските медиуми. Полицијата соопшти дека бил убиен со секира. Неговото тело било пронајдено вчера во куќа во Киндберг во Штаерска.

Откако го убил својот брат, 14-годишникот го напуштил местото на злосторството, но набрзо бил уапсен.

Полицијата извести дека тинејџерот во ранецот имал украсна секира, т.н „Викинг“, изработена од метал. Младиот човек рекол дека го убил својот брат поради долгогодишна кавга, соопшти полицијата.

Двајцата браќа живееле со своите родители, пишуваат австриските медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде