Утрово тешка сообраќајка: Автомобил се излизгал и неколку пати се превртел

Тешка несреќа се случила утринава на скопската обиколница. Автомобил се излизгал и неколку пати се превртел.

Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во болницата „св. Наум Охридски“ позната како градска болница.

Карактерот на повреди засега не е познат.

На терен излезе и полицијата која прави увид. Несреќата е во близина на клучката за селото Орман.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде