Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Западна Јава, Индонезија, при што едно лице загина, а најмалку 82 се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри југоисточно од провинцијата Бандунг и на длабочина од 10 километри, јави агенцијата ВНА.
Најпогодено е подрачјето на Бандунг, каде се повредени 81 лице, а по него е Гарут.
Според првите проценки, оштетени се околу 700 куќи.
Оштетени се и речиси 100 здравствени, образовни, верски и јавни објекти, вклучително и пазари.
Поради земјотресот евакуирани се 450 лица.