Променливо облачно со повремено врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени, а максималната ќе достигне 18 до 25 степени, велат од УХМР.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
-Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 22 степени, информира управата.
Оттаму соопштија дека и во текот на утрешниот ден ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд.
Следните денови, пак, времето ќе биде сончево, а дневната температура ќе биде во благ пораст.
Утрово УХМР со последна вест:
Слаби до умерени врнежи од дожд претежно во северните и северозападните делови на државата. Во делови од Скопската котлина интензивен дожд со ретки грмежи.
Северно од Скопје и Куманово и во јужниот дел на Полошката котлина слаби до умерени врнежи од дожд без грмежи.