Фејсбук пост на Никола Груевски
Работејки како министер и премиер имав повеќе ситуации на повеќе сериозни авионски инциденти со службените авиони на владата, а некој и со комерцијални.
Пред точно 24 години на ден Мала Богородица беше еден од првите такви инциденти, во кои на полетување од Виена за Лондон експлодираа гумите на тогашниот владин авион, за што пилотите беа информирани од пилотот на авионот зад нас, кој чекал ред за полетување. Согласно правилата во авијацијата пилотите веднаш не информираа нас кои бевме патници во малиот владин авион тогаш веќе стар околу 25 години.
Аеродромот Stansted во Лондон прогласи целосна вонредна состојба (full emergency)и на пистата останаа само куп пожарни возила и возила на итната помош.
Одкако подолго време пилотите капетан Александар Дрогрешки и копилот Јовица Рајхал правеа кругови над Лондон за да се потроши горивото бидејќи беше можна експлозија при слетување, дојде моментот за слетување.
Тоа е оној момент кога знаете дека можеби ќе останете жив, а можеби нема, односно дека можеби тој ден е крајот, кобниот ден.
Пилотите ни кажаа дека ситуацијата е крајно сериозна и дека ризикот е многу висок. Ние неколкутемината во авионот наместо паника, почнавме да си правиме црн хумор.
За среќа, со Божја помош и благодарение на присебноста и искуството и присебноста на пилотите сѐ заврши добро и без последици.
Слетавме на бандаши. Амбасадорот Стево Црвенковски не чекаше на аеродромот и не извести дека сите авиони и патници биле дислоцирани од пистата бидејќи проценката била дека е можна силна експлозија.
Од тој ден, едниот од пилотите празникот Мала Богородица го зема за куќна слава, бидејќи како што кажа, по ризична ситуација до тој момент немал во неговата пилотска кариера.
Но, затоа имаше подоцна…
Еднаш на полетување од Стразбург во авионот на владата почна да свири многу, навистина многу силен и продорен звук без да прекине, а авионот почна нагло да губи висина, да се спушта со брзина како да паѓа, како да тоне.
И тогаш помислив дека треба набрзина да направам рекапитулир на животот и да му се заблагодарам на Бог за сѐ.
Одкажал некој дел без кој пилотите до првиот можен аеродром (Цирих) мораа да летаат многу ниско, а во таква ситуација имало огромен ризик летајќи долго во облаците да замрзнат крилата во, и….
Подоцна кога се спуштивме на пистата и седнавме некаде на аеродормот, кога се расчу што се случило, уште растреперени од случката прочитавме на порталите коментар на нашите политички противници дека сме отишле во Цирих да сме ги однеле куферите со пари во банките.
Па така некако од тежок шок, удривме на смеење. Пилотот беше истиот пилот во летот Виена-Лондон.
Во САД одејќи од град во град со комерцијален авион бев сведок на за малку избегнат директен судар на авион кој слетуваше, во кој бев јас и други од мојот тим, а пред нас некако одеднаш на пистата возеше по пистата и ни го пресекуваше патот друг авион токму таму каде требаше да слетаме.
За момент се чинеше дека сударот е неизбежен, но пилотите во последен момент успееја од слетување, нагло да го кренат авионот во нагорен правец како при полетување и за влакно, за неколку сантиметри надлетавме над авионот кој комотно возеше на пистата.
Веројатно стануваше збор за грешка на контролата на летање.
Сударот ќе значеше силна експлозија и веројатно сите патници во истиот момент ќе загиневме.
Еднаш со владиниот авион на лет Брисел – Париз по полетувањето одкажаа 16 меѓусебно поврзани делови, со што авионот стана невидлив за контролата на летање, па пилотите немаше како да примат инструкции за движење и слетување. Мораа да возат визуелно без насоки. Не известија веднаш.
Во грч некако стигнавме до Парис, но контролата на летање во Парис се повика на некои правила во авијацијата и побара од пилотите да се вратиме во Брисел и таму да бараме дозвола за слетување. Повторно благодарение на искуството на пилотите и на Божја волја успешно се вративме и слетавме во Брисел.Повторно беше истиот пилот од првата ситуација во Лондон и втората во Цирих.
Преку протоколот веднаш побаравме од претседателот на Република Франција Никола Саркози средбата да се одложи од планираното во 12 часот за 16 часот, што беше прифатено.
По пристигнувањето со воз од Брисел до Парис и фотографирањето со Саркози, одејќи по скалите кон собата каде требаше да се одржи средбата, Саркози ми рече: “слушнав дека сте имале инцидент со авионот…” Одкако му потврдив, шеговито вели: “мислам дека нема да погрешите ако купите еден француски авион за вашата влада. Многу се добри”.
Вакви или слични инциденти имаше повеќе, но кога Бог има некои други планови, се завршува добро.
Честит празник Мала Богородица!
Пожелувам здравје и среќа секому, особено кога летате со авион
Фејсбук пост на Никола Груевски