Пристигнаа лоши вести: Едно лице загина во тешката сообраќајка утрово
Пешак загина утрово нешто пред 8 часот на регионалниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Тркање.
Од АМСМ известија дека сообраќајот на патот е затворен поради случена сообраќајна незгода.
Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи.
Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден.