Ужасна вест: Имаше само 38 години – почина поранешниот голман на Вардар, Силекс, Македонија ЃП…

Ужасна вест денеска доаѓа од Србија.

Дејан Костуранов, некогашниот голман на Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид, Еуромилк, почина на само 38 години.

Оваа вест ја потврдуваат од Фудбалскиот Сојуз на Војводина ако се знае дека Костуранов по завршување на кариерата таму живееше.

Костуранов како последен ангажман го имаше во стручниот штаб на ФС на Војводина на турнирот меѓу Регионите на кој Војводина ја победи аматерската селекција на Македонија. А беѓше и тренер на Раднички 1918 од Ратково.

Костуранов беше омилен лик во фудбалските кругови, посебно кога го чуваше голот на Вардар.

Извор: fsv.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде