Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Краљево-Рашка кога се судриле патнички автомобил и возило на војската на Србија.
Во оваа трагична несреќа животот го загуби петчлено семејство, меѓу кои и Даниел Л. од Нови Пазар, неговите деца и нивнa сосетка.
Според неофицијални информации, Даниел Л., кој управувал автомобил „форд“, бил вработен во касарната во Рашка, но е роден и израснат во Нови Пазар .
Тој и неговата сопруга Мирјана, исто така родена во Нови Пазар, се преселиле во Рашка пред неколку години кога Даниел се вработил во војската на Србија.
Жител на Нови Пазар, кој ги познава родителите на жртвата Данијел, за „Блиц“ вели дека тие се добро и чесно семејство.
„Во Рашка живееја неколку години, поточно од кога почна да работи во касарната. Беше војник“, раскажува жител на Нови Пазар.
Тoj наведува дека Данијел често доаѓал да ги посети родителите.
“Децата беа убави како ангели. Девојчето беше четврто одделение, убаво како ангел. Боже, зошто се случи ова? Па вака да настрада едно семејство, ова е голема трагедија. Цел град е обвиен во црно “, вели жител на Нови Пазар.