ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Познатиот пејач доживеа срцев удар на сред настап

Пејачот Метин Аролат ненадејно почина на 53-годишна возраст за време на настап во хотел во Истанбул.

Пејачот колабирал, веднаш му пришле на помош, но немало спас. Неговиот менаџер потврди дека имал срцев удар.

Една од неговите пријателки, Демет Сагироглу, која бил присутна во хотелот, ги сподели своите искуства за тој трагичен настан.

– Тој ми беше многу близок пријател, како мој брат. Повторно беше на диета. Тие „смртоносни диети“ се секогаш присутни овде. Неговото срце веројатно не можеше да издржи. Замина со насмевка. Така рече неговиот менаџер. Беше многу весел. Неговото семејство е во Измир, а во Истанбул немал никој.

На работа со менаџерот дојде насмеан и весел. Во еден момент му се слоши на сцената. По 20 минути на сцената, тој отиде зад сцената и ја соблече кошулата. Потоа рече дека неговата рака му трнела. Го прегледаа, а потоа рече: „Дај ми кошула, добро сум, повторно се врати на сцената, но набрзо пак падна – раскажала неговата пријателка и откри:

– На местото на настанот била медицинска сестра која го ставила во странична положба. Веднаш повикале брза помош. Неговото срце застанало пред да пристигне брзата помош, а потоа бил оживеан во амбулантата. Попатно, срцето повторно му застанало. Сепак, не успеале да го спасат. На неговите најблиски им посакувам трпение. Верувам дека отиде на подобро место, бидејќи замина со насмевка.

Секогаш имаше насмевка на лицето. Нека му почива во мир душата – рече таа.

За оние кои не знаат, Метин Аролат беше турски пејач и режисер на музички спотови, кој се здоби со популарност во деведесеттите. Освен по пеењето, Аролат беше познат по својата работа зад камерите и режираше спотови за бројни турски уметници.

ИЗвор: Glamur.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде