Од сон и мака, па се до пронаоѓање на свети води, ктитотор Симо Костадинов од штипското село Кошево веќе 24 години е слуга на Бога.
Да се служи на Бога не е лесно, бидејќи е потребна чиста совест, мирен дух, срце полно љубов, но и неизмерна хуманост и помош за сите кој ја бараат .
Без да знае, кај него доаѓаат дури луѓе од странство на кој исто преку сон им е покажано каде да бараат спас дали тоа за женидба, деца, здравје или некоја друга причина.
Најпрво ја пронајдов водата на Св. Ѓорѓи Победоносец и дури прифатив имав многу тежина и мака вели Костадинов и додава дека тој дури е жив нема да одстапи од местото.
Извор: М-нет телевизија