Две лица загинаа, а шест се повредени откако гром удри во дрво под кое членови на три семејства се засолниле во лозје во Турција.
Имено, поради силниот дожд, членовите на семејствата Аџет, Ердоган и Белдек, кои береле грозје во лозје во областа Чешме, побарале засолниште под круната на блиското дрво, пишува Хаберлер 7-ми.
Селим, Рамазан и Ебубекир Аџет, Лале, Лејла и Азизе Ердоган, Емин и Селахатин Белдек се повредени кога гром удрил во дрво под кое се засолнувале од силниот дожд.
Екипи на брза помош и полицијата брзо пристигнале на местото на настанот. Брзата помош ги пренела повредените во државната болница во Ширнак, но, како што е соопштено, не успеале да ги спасат животите на Лала и Лејла Ердоган.
Соопштено е и дека здравствената состојба на уште едно лице е многу тешка. По инцидентот започна истрага.
Дождовите што ја зафатија Турција го парализираа секојдневниот живот во многу градови, поплавена е болница во Трабзон, а затворени се и многу патишта низ земјата.