Шеесет и тригодишен кумановец е најнова жртва на популарната измама со огревни дрва, при што останал без 100 евра.
– На 25.09.2024 околу 15 часот во СВР Куманово, 63 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 100 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно требало дрвата да пристигнат.
– Како што е пријавено, лицето го оставило пријавителот да чека и заминал наводно да смени девизи, но се упатил во домот на пријавителот, каде што ги побарал парите од неговиот брат, појаснуваат од кумановската полиција.
Како што стои во соопштението, се преземаат мерки за расчистување на случајот.