Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик.
Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.
„Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток.
Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами.
Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне“, раскажа наставничката.