УРАГАН ЕЛЕНА: Ветрот носи се пред себе, најмалку три лица загинаа, милион жители без струја

Најмалку три лица загинаа во невремето кога ураганот Елена ги погоди САД, за кој се смета дека е  најсилниот досега што ја погодил областа Биг Бенд на Флорида.

Елена синоќа стигна во северозападна Флорида како бура од четврта категорија, објави АП.

Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека Хелена удрила на копно синоќа во близина на устието на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот залив. Брзината на ветрот беше 225 километри на час.

Повеќе од милион домови и бизниси останаа без струја во Флорида и повеќе од 50.000 во Џорџија.

Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба.

– Ова е една од најголемите бури што некогаш сме ги имале- изјави гувернерот на Џорџија Брајан Кемп.

Беа издадени наредби за евакуација долж брегот на Заливот во ниските области околу Талахаси, Гејнсвил, Седар Ки, Лејк Сити, Тампа и Сарасота, Флорида.

Едно лице загина на Флорида кога сообраќаен знак паднал врз неговиот автомобил, а две лица загинале во јужна Џорџија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде