Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.
В недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето.
Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.
И во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени).
Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.