Страшно невреме беснее во Србија: Силниот ветер корне дрвја и покриви, се излеа Дунав

Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот од Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме пропратено со врнежи и грмежи.

Имено, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата достигна такво ниво што од водата штрчат само чадори и улични светилки.

Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.

Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.

На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на имотот, но и себеси поради предвиденото невреме.

Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде