„Шевролет“ излета од патот, млада девојка со тешки повреди итно пренесена во болница

Вчера во 15.25 часот во Полициската станица Кратово, било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово,

патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(31) од Скопје, излетало од коловозот, информираат од МВР.

Во несреќата В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде