Утрово тешка сообраќајка, овој патен правец е затворен за сообраќај во двата правци

Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово, патот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

„Од 10:30 ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај м.в.„Миоли“, е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Причината за прекин е поради сообраќајна незгода, стои во соопштението од АМСМ.

Да потсетиме, во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Тетово-Скопје, животот го загуби 24-годишен младо момче од Свети Николе.

Според информации од СВР Тетово, несреќата се случила околу 20:30 часот, кога патничко возило „Голф“, кое го управувал младиот возач, излетало од коловозот на околу пет километри од Тетово.

И покрај брзата интервенција на екипите на Итна медицинска помош, констатирана е смрт на лице место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде