Актерот Џон Ештон, ѕвездата на „Полицаецот од Беверли Хилс“, починал на 76-годишна возраст по битка со ракот, пишува Page Six.
– Џон зад себе остава љубов и посветеност и служење. Неговиот спомен засекогаш ќе го негуваат неговата сопруга, децата, внуците, како и неговиот брат, сестрите, неговото пошироко семејство и сите кои го сакаа.
Влијанието на Џон врз светот ќе се памети и слави со генерациите што доаѓаат – се вели во изјавата на претставникот на актерот.
Ештон ја остави сопругата Робин Хоје и двете деца, Мишел Ештон и Мајкл Томас Ештон.
Тој сними преку 200 филмови за време на неговата 50-годишна кариера во Холивуд, а ширум светот е познат по улогата на наредникот Џон Тагарт во полицаецот од Беверли Хилс во 1984 година со Еди Марфи. Ештон неодамна ја повтори истата улога во продолжението на споменатиот филм.