Последна вест: Доаѓа невреме во Македонија – еве кога започнуваат врнежите
Метео анализа на Славчо Попоски:
Силен циклон со центар над Италија, поточно над Џеновскиот залив ни носи нова голема промена на времето од утре во регионот, додека од четврток и во Македонија,
предизвикувајќи пообилни врнежи од дожд, повремено силен јужен ветер, грмежи, како и услови за локална појава на невреме со појава на град.
Овој циклон може да предизвика локални поројни поплави!, објави Попоски на Фејсбук.