Се судрија автомобил и товарно возило, две лица итно пренесени во болница

Два лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која се случила ноќеска во Дебар.

„Ноќеска во 01.40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица.„Јусуф Гравала“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки,

управувано од Ј.Х.(18) од Дебар и патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ч.(38) од Дебар.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Љ.Т.(53) од Дебар, сопатничка во товарното возило, додека возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде