Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

Денеска (01.10.2024) околу 12.50 часот на ул. „Даме Груев“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје лишија од слобода лице (34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело по чл.418-в ст.1 и чл.418-б ст.4 во врска со ст.2 и чл.45 од КЗ.

Исто така, денеска (01.10.2024) околу 12 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје лишија од слобода лице (56) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по чл.396 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од КЗ.

На 30.09.2024 во 09.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(51) од село Василево, струмичко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (01.10.2024) во 02.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(20) од Гевгелија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.09.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.09.2024 во 20.45 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес лишиле од слобода малолетник од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде