Лоша вест: Се зголемува цената на нафтата

Со ескалација на тензиите на Блискиот Исток и стравувањата од намалена понуда, светските пазари реагираа и цената на нафтата порасна за повеќе од 4 отсто.

Стравот од поширок конфликт доведе до долги редици на бензинските пумпи во Техеран.

Референтната европска сурова нафта тип „брент“ со испорака во декември достигна цена од близу 75 долари за барел.

Ова е најзначајното зголемување на цената на „брент“ во рамките на трговската сесија од октомври минатата година. Американската лесна сурова нафта исто така порасна за 4,5 отсто.

Досега енергетските пазари останаа релативно мирни дури и во услови на продлабочување на кризата на Блискиот Исток.

Сепак, ова ќе се промени ако непријателствата го зафатат регионот и ако бидат засегнати иранските испораки на нафта преку клучниот Ормутски теснец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде