Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб југоисточен ветер.
Утре попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.
Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.