УХМР објави мапа: Денеска невреме – еве во кои делови од Македонија

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес (петок) со повремени врнежи од дожд повремено пообилни (и над 30 л/м²) кои ќе продолжуваат во ноќта и ќе бидат проследени со појава на грмежи.

Особено во делови од Повардарието, во Пелагонија и во североисточните делови од земјата ќе засилува јужен до југоисточен ветер повремено со брзина и до 70 км/час.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.

На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде