УХМР објави мапа: Голем бран влегува во Македонија – еве кои делови се зафатени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата.

Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови на земјата каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да паднат над 40 л/м2 дожд.

Доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали територии и за кратко времетраење можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици до крајните западни и северозападни делови од државата односно пред се на оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и Јабланица.

Исто така, доколку врнежите бидат поројни и сконцентрирани во градските населени места (Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид) можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа. Кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот но нема опасност од излевање на водата од нивните речни корита.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците пред се во западните и северо-западните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на престојната ноќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде