Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни проследени со појава на ретки грмежи и засилен ветер.
Утринските температури се движат од 6 до 6, а највисоките дневни ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 14 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд проследени со појава на ретки грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 23 степени.
Како што информираат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува слаб локален дожд.
Стабилизација и пораст на температурите најави и Славчо Попоски:
Следната седмица значително потопло време преку ден, “Мини Лето”, Или кај народот познато како Циганско Лето, оваа година со доцнење, но сепак ќе го имаме, објави Попоски.