Едно лице е повредено во скопската општина Чаир откако во него било пукано од возило „пасат“.
Повредениот е однесен во Градската општа болнуца „Наум Охридски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот е пријавен во сабота вечер.
На 05.10.2024 во 20:20 часот пријавено е дека на улицата „Цветан Димов“ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот е пукано од возило „пасат“, се вели во информацијата од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.