Кенискиот атлетичар Кипјегон Бет почина на 27-годишна возраст како последицна на здравствени проблеми.
Тој пред месец дена побарал лекарска помош поради повраќање крв, а и покрај лекувањето не успеа да ја заврши најважната трка во животот.
Бет беше светски шампион до 20 години на 800 метри во 2016 година и освојувач на сребрен медал во штафетата 4 x 800 на Светското првенство во 2017 година.
Покрај тоа, тој освои бронза на Светското првенство во Лондон 2017 година на 800 метри.
Во 2018 година беше суспендиран поради допинг.