На регионот му се заканува нов хаос – доаѓа невреме, ќе има поплави и порои

Ноќта меѓу четвртокот и петокот на северот на Херцеговина за неколку часа наврнаа и до 300 литри дожд на метар квадратен, со катастрофални поплави и порои, како и одрони.

Најмногу настрадаа северните региони на Херцеговина и централните региони на Босна, пред се Јабланица, Фојница, Вареш и Кисељак.

И додека штетите се уште се проценуваат, а семејствата ги погребуваат своите најблиски, следува нов пресврт на времето.

Кон крајот на денот ќе има поголема облачност, а во ноќта кон среда цела Херцеговина, јужниот дел на Далмација и Црна Гора очекуваат врнежи и пороен дожд со грмежи.

Ќе има услови за грмежи и непогоди, каде локално за неколку часа локално и повеќе би наврнале и до 100 литри дожд на метар квадратен, со нова опасност од поплави, порои и одрони.

За жал, обилни врнежи се очекуваат и во областите кои се веќе опустошени од поплави, порои и одрони, па состојбата може да се влоши.

Обилните врнежи нема да го заобиколат и северот на Црна Гора, кој исто така настрада од поплави и порои, особено Шавник и Жабљак, но и делови од Далмација, како и подрачјето на Подгора, кои пред неколку дена беа погодени од разорни порои.

Поради тоа, во сите наведени подрачја најобилни врнежи се очекуваат ноќта меѓу вторник и среда и во среда претпладне, по што врнежите би ослабнале.

Фотографија: Armin Durgut//Pixsell/IMAGO

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде