Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот залив во САД, објави американскиот Национален центар за урагани.
Пријавени се силни ветрови до 250 км/ч додека Милтон се движи кон Флорида, каде што се очекува да падне на копно во среда вечер или рано наутро во четврток, објави Националниот центар за урагани.
Си-ен-ен пишува дека ураганот Милтон е најсилната бура што се случила каде било на планетата оваа година. Милтон е исто така најсилниот ураган на Атлантикот од Доријан во 2019 година, како и еден од 10-те најсилни урагани на Атлантикот што некогаш биле забележани.
Метеорологот Џон Моралес се расплака додека зборуваше за невремето.
„Тоа е само неверојатен, неверојатен, неверојатен ураган. Жал ми е, ова е само страшно“, рече тој низ солзи.