Синоптичарите со најнова прогноза: Еве какво време не очекува следните денови

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Повремен локален дожд и услови за ретки грмежи ќе има и во петок, додека пак во четврток и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Максималните температури ќе се движат од 20 до 29 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде