Од Социјалистичката партија на Македонија соопштија тажна вест за смртта на Игор Лазарев (1977 – 2024).
Тој беше член на Советот на Општина Центар, претседател на ОО СПМ Центар и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Македонија.
„Не напушти нашиот Игор … Топол, искрен, непосреден, мудар и неуморен борец и посветен социјалист. Голема загуба за Партијата.
Искрено сочувство за неговите најблиски за ненадоместивата загуба и големата болка. Вечна му слава! – се наведува во објавата од партијата.