Страотни сцени: Ураганот Милтон носи се пред себе (ВИДЕО)

Најмалку две торнада, предизвикани од ураганот Милтон, стигнаа денеска во близина на малиот град Монтура на Флорида, од кои едното беше окарактеризрано како „екстремно опасно“, соопшти Националната метеоролошка служба.

„Вие сте во смртна опасност, се вели во соопштението на службата.

Властите повикаа речиси 5,5 милиони луѓе да се евакуираат од западниот брег на Флорида, додека таа држава се подготвува за една од најголемите операции за евакуација и спасување во својата историја, јавува CNN (CNN).

Во Флорида, од округот Пинелас беше наредена евакуација на повеќе од половина милион луѓе, округот Ли нареди 416.000 луѓе кои живеат во една од задолжителните зони за евакуација да ги напуштат своите домови.

Гувернерот на Флорида Рон де Сантис објави дека се распоредени 9.000 чувари, од кои една третина се од други држави.

„Дваесет и шест екипи за пребарување и спасување се на терен“, рече гувернерот.

Аналитичката компанија Core Logic предупреди дека околу 500.000 домови се загрозени, со проценета вредност за реконструкција од 123 милијарди долари, доколку ураганот достигне јачина од три кога ќе падне на копно.

Се очекува Милтон да остане исклучително опасен ураган кога ќе падне на Флорида.

Како што јави агенцијата Ројтерс, американскиот национален центар за урагани соопшти дека силно невреме најверојатно ќе го погоди градското подрачје на заливот Тампа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде