Голема трагедија го потресе регионот: Три девојки и едно момче загинаа во страотна сообраќајна несреќа

Четири млади лица загинаа во страшна несреќа во местото Добриње, кога возило излета во река во Босна и Херцеговина.

Полицијата е на терен, а местото каде луѓето паднале во реката е опколено со полиција, пишува Аваз.

Жителите на ова гратче се во шок по страшната несреќа.

Едно лице од ова возило успеало да се спаси, а се претпоставува дека испаднало од него пред да падне во реката.

Од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон за Klix.ba потврдија дека патничко моторно возило Мерцедес учествувало во сообраќајна незгода и било извлечено од водата.

Возилото го управувал П.А.. Покрај возачот загинале и сопатниците со иницијали Д.Б., К.А. и С.С..

Foto: Avaz.ba

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде