Денеска во 02.25 часот, полициски службеници од СВР Штип ги привеле 21-годишниот Н.Ш., 18-годишниот Е.Р., 31-годишниот Д.Г., 33-годишниот, А.Б., 21-годишниот Д.Т. и 21-годишниот Н.Т., сите од Штип.
Тие биле затекнати на улица „Кежовица“ во Штип со патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, при што едно од лицата фрлило ќесе со марихуана, која била пронајдена и одземена.
После тоа, при преглед во возилото, исто така, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.