Овие граѓани да си ги проверат сметките, власта денеска изврши исплата

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда,

овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година“, велат од министерството и додаваат:

„Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.

Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде