Последна вест: Бидете подготвени, доаѓа голема промена на времето

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината.

Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе имаме слично време со температури кои наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 9, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.

Да напоменам дека сето ова ќе биде проследено и со ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

Исто така зголемувањето на облачноста ќе започне уште во четврток, а особено во петок ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд. Уживајте во Мини Летото и во преубавите претежно сончеви и топли денови се до среда, а потоа ќе ви биде потребна потоплата облека.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде