Нови детали: Затвореник од Идризово осомничен за пукањето во Чаир, ранетиот е член на кланот Грчец?

Синоќа во Чаир е повреден 31-годишен маж откако во него било пукано додека се движел по улица. Бил ранет во нога.

– Денеска околу 18:10 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е. А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираа од МВР.

Повредениот во болница го донел неговиот брат којшто на полицијата ѝ појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата.

Полициските служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на инцидентот. Повредениот е надвор од животна опасност и му е укажана лекарска помош во старата градска болница во центарот на Скопје.

Ранетиот, според информации на Телма е близок роднина на еден од осомничените припадници на кланот Грчец, којшто е во бегство и по кого е распишана меѓународна потерница.

Полицијата во својата истрага била и во затворот во Идризово каде од еден затвореник биле земани парафински ракавици (за проверка на барутни честички од евентиуално пукање). Затвореникот бил посочен како осомничен за пукањето иако тие наводи не дошле од страна на ранетиот скопјанец, дознава Телма.

Осуденикот имал дозвола за работен ангажман надвор од затворот во Идризово. Преку ден излегувал и работел во Скопје, а навечер се враќал зад решетки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде