Бидете подготвени: Следните денови доаѓа голема промена на времето

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што и претходно кажав, викендот кој што ни доаѓа, територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса од истокот  и од североистокот на Европа.

Во ваква ситуација, температурите ќе бидат многу пониски за разлика од оние кои ги имаме сега.

Наутро тие понекаде, особено во Беровскиот регион ќе се спуштаа близу, или за некој степен под нулата, додека на другите места тие ќе се спуштаат до околу, па и под 5 степени, додека во централните  и во југоисточните предели тие ќе се спуштаат до околу 10 степени.

Ќе имаме променливо облачно време, а особено во западните предели ќе има услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд.

Во Скопје ќе имаме претежно суво време, но ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посвежо. Повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.

Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 5 и 9 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 20 и 21 степен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде